Поскап станбен квадрат за атрактивните локации

Bez autora
Jan 30 2013

Градежниците бараат измени во проектот Купи куќа, купи стан" за да тргне продажбата на станови за кои банките даваат кредити со субвенции од Владата. Од минатото лето кога се доделија првите субвенционирани кредити, до овој месец, преку овој проект до покрив над главата дојдоа 110 семејства, а Владата од планираните четири милиони потроши само 640 милиони. Ова за градежните компании, претежно скопските е знак дека проектот треба да претрпи корекции за да се зголеми атрактивноста на кредитите, како на пример во Србија каде одеа како алва. Групацијата за градежништво при Стопанската комора на Македонија бара од Владата да овозможи доделување кредити и за станови поскапи од 900 евра за квадратен метар, на колку што сега е лимитирана цената како услов за владини субвенции. Конкретно, во Комората сметаат дека за таа цена не може да се купи станбен простор во околината на центарот на Скопје, за каде побарувачката е најголема, па предлагаат различни лимити за цената на квадратот во разни делови на Скопје и во внатрешноста на државата.

Поскап станбен квадрат за атрактивните локацииГрадежниците бараат измени во проектот Купи куќа, купи стан" за да тргне продажбата на станови за кои банките даваат кредити со субвенции од Владата.

Од минатото лето кога се доделија првите субвенционирани кредити, до овој месец, преку овој проект до покрив над главата дојдоа 110 семејства, а Владата од планираните четири милиони потроши само 640 милиони. Ова за градежните компании, претежно скопските е знак дека проектот треба да претрпи корекции за да се зголеми атрактивноста на кредитите, како на пример во Србија каде одеа како алва.

Групацијата за градежништво при Стопанската комора на Македонија бара од Владата да овозможи доделување кредити и за станови поскапи од 900 евра за квадратен метар, на колку што сега е лимитирана цената како услов за владини субвенции. Конкретно, во Комората сметаат дека за таа цена не може да се купи станбен простор во околината на центарот на Скопје, за каде побарувачката е најголема, па предлагаат различни лимити за цената на квадратот во разни делови на Скопје и во внатрешноста на државата.

- Не зборуваме за Дебар Маало каде квадратниот метар е далеку над 1.000 евра, ниту за делот на рингот. Таму веќе и не се бараат станови. Најголема е побарувачката на станови во Карпош, Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, а таму тешко може да се најде стан по цена до 900 евра. Поевтини се становите во Хром, Јурија, Припор и Јурија и тие се вклопуваат во проектот, Но, граѓаните не ги сакаат затоа што купувањето стан е животна инвестиција и не се оди на тоа да се купи и во него да се живее, туку се размислува и за квалитетот на животот што ќе се има во населбата, односно, дали има детски градинки, училишта, добри сообраќајни врски, амбуланти... - вели Никола Велковски, претседател на градежната групација при Стопанската комора на Македонија.

Тој вели дека ваков предлог е даден на една средба со ресорен министер на која било побарано да искажат мислење за проектот Купи куќа - купи станн, но договор од Владата нема. Велковски додава дека фирмите кои градат станови во внатрешноста на државата и на периферијата на Скопје можеби се во состојба да ги прилагодат цените, така да се вклопат во проектот. На пример, Ѓорче Петров, Хром, Припор и во сличните населби може да се најде стан со цена од 750 евра за квадрат. Наспроти нив, фирмите кои градат на најбараните локации во Скопје, кои не се сметаат за ексклузивни, како Аеродром, Карпош и слично, не се подготвени за поголеми поместувања на цените и можат да одат до 1.100 - 1.200 евра за квадратен метар.

- За тие делови на Скопје цената на квадратот во владиниот проект треба да се лимитира на таа вредност, а не на 900 евра како сега. Во тој случај побарувачката за субвенционирани станбени кредити би се зголемила. На тие локации нема државно градежно земјиште кое би се купило поевтино за да се изгради поевтин објект. Таму плацот се купува од приватни лица кои се уште држат цена, па во изграден станбен квадрат плацот учествува со 250 до 400 евра, во зависност од местото - објаснува Велковски.

Градежните компании кои сакаат да се вклопат во проектот, зашто така би им се зголемила продажбата на станови имаат и индивидуални предлози за нивни корекции. Еден од предлозите е при изградбата на становите кои ќе се продаваат со субвенциониран кредит да се применува моделот на јавно приватно партнерство, по пониски цени.

Дека во проектот нешто чкрипи покажува самото тоа што Владата пред два месеца побарала сугестии од градежниците, а уште повеќе тоа што до овој месец субвенции се доделени на само 110 купувачи на станови, а само со ланскиот буџет од четири милиони евра требаше да им се помогне на околу 2.500 граѓани.

Од друга страна, ако се погледнат рекламите на банките кои се вклучија во проектот, може да се заклучи дека тие самите го саботираат. Некои од нив паралелно со субвенционираните нудат и свои, комерцијални станбени кредити под поповолни услови.

Во тек е вториот циклус за аплицирање на овие кредити, а како што е наведено на веб страницата на Министерството за финансии, оваа година околу 2.000 брачни парови и поединци ќе можат да ја остварат својата најголема желба и да добијат сопствен дом. Апликации за овие поволни кредити ќе се поднесуваат до 31 мај 2013.

Становите во Бугарија поевтинуваат - 447 евра за квадрат

Просечната цена на становите во Бугарија, не сметајќи ги цените во новоградбите, како и луксузните објекти, падна за 1,4% во 2012 година на годишно ниво и се стабилизира на 447 евра по квадратен метар. Падот на цените успоруваше во текот на годината, од 4,3% во првиот квартал, до 0,7% во четвртиот квартал.
Цените на становите паднаа во 23 од вкупно 28 региони, со тоа што во бугарскиот главен град и натаму се највисоки.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik